Брзински кифлички со џем…Без квасец, без јајца, без чекање…Се топат во уста и колку подолго стојат, толку се повкусни…

Овие кифлички се приготвуваат многу брзо, а многу се вкусни, ровки и миризливи – се топат во уста! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

550 г брашно
250 г маст
1 чаша од 200 мл млеко
2 лажици шеќер
1 лажичка сода бикарбона
џем за филување

Потребни состојки:

Сите состојки ставете ги во длабок сад и замесете мазно тесто, а ако е потребно додајте уште малку брашно. Тестото добро измесете го и веднаш поделете го на шест делови.

Секој дел развлечете го во круг, пресечете го на 8 триаголници, филувајте со џем и виткајте ги кифличките.

Редете ги на плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна загреана на 180 степени. Бидете внимателни, не смеат да пожолтат, туку само малку да фатат боја. Многу брзо фаќаат боја, многу брзо се печат, за помалку од 10 минути.

Топлите кифлички валајте ги во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.