Се разболев ден пред тргање, па испив еден популарен напиток од интернет и за чудо, оздравев за неколку часа!

Буквално живеев само за денот кога ќе тргнам на пат за море, зошто одморот за мене стана само мисловна именка од премногу работа.

И баш еден ден пред тргање се разбудив со болка во грлото и целата омалаксана – готово, си реков, ќе се разболам. И што е уште полошо, тој ден не можев да го прележам, морав да одам на работа за да завршам уште некои обврски.

Како и за се’ останато, секогаш сама се снаоѓам за се’, па седнав пред компјутер и на интернет да пребарам некој рецепт. Наидов на секакви рецепти, само уште птичје млеко им фалеше, а на еден форум наидов на крајно едноставен рецепт, кој не бара никакви трошоци.

Станува збор за некој вид лимонада, па ми звучеше доста небулозно дека тоа може било како да функционира, ама во мојата безнадежност решив да го пробам и да го испијам тоа чудо.

РЕЦЕПТ: во чаша газирана вода да се додаде сок од еден лимон и две лажички шеќер, па вака приготвениот напиток да се пие неколку пати во текот на денот.

Звучи доста невозможно, но всушност – јас оздравев! Имав само 36 часа пред тргнувањето, и ваквата лимонада ја пиев многу често, преку целиот ден.

Веќе следниот ден ми беше далеку многу подобро, а до вечерта кога тргнувавме, болката во грло ми исчезна, а исто и изнемоштеноста.

Признавам, и јас веднаш си помислив дека станува збор за плацебо ефект, но потоа и мојот најдобар пријател се разболе додека бевме на море, а јас му реков да го проба мојот метод. И знаете што? За два дена беше како “нов”.

Но, еве да да препишеме на морскиот воздух… ама тука не е крајот на позитивните реакции од овој напиток – му го препорачав и на вујко ми кој се влечеше со настинка неколку денови – и кај него за еден ден настинката исчезна.

За истово во една пригода разговарав и со една нутриционистка, па и таа ми ги потврди “магичните” својства на овој напиток, ни ми рече да не користам шеќер, туку мед.

За оние што имаат проблем со дигестијата може да земат минерализирана вода со поголема содржина на магнезиум, а исто така, ми рече дека исто ефикасна опција било и млака вода со лимон и мед или комбинацијата од лимон со сода бикарбона.

Loading...