Пробајте ги, проверено се добри!

Потребни состојки: 1 сув квасец, 1 прашок за печиво, 2 лажички сол, 4 лажички шеќер, 12 лажици масло, 500 г кисело млеко, брашно по потреба, околу 1 кг или помалку, (јас ставам одокативно, а тестото не треба да биде ни тврдо ни меко, кога ќе почне да се одвојува од садот значи готово е).

Постапка: Квасецот растопете го во половина чаша топла вода со малку шеќер и малку брашно, па оставете го да се запени да се активира. Наведените состојки ставете ги во подлабок сад, па со постепено додавање на брашното замесете мазно средно меко тесто.

Замесеното тесто веднаш делете го на мали точиња и редете ги во плех обложен со хартија. Топчињата засекувајте ги на врвот со кујнски ножици, па оставете ги да киснат и да го удвојат волуменот, па потоа премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам.

Врз секое ставете по едно парченце путер. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Послужете ги топли или ладни со чаша јогурт, ајвар и сирење или нешто по ваша желба.