Крцкави печива како лиснато тесто за 15 минути…Само бода, брашно и сол…Ова тесто се замесува од основни состојки и за активна подготовка ќе потрошите само 15-тина минути, ако не го сметаме времето поминато за одмор на тестото и печењето…

Печивата можете да ги направите и посни, само заменете го путерот со маргарин, а во филот со компирите ставете посен кашкавал или ситно сечкан праз, печурки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажичка сув квасец (3 г)
2 чаши топла вода (400 мл)
5.5 чаши брашно (630 г)
1.5 лажичка сол (7 г)

За фил:
2 компири
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
1 чаша рендан кашкавал
За премачкување на тестото: 150 г путер
За премачкување на печивата: 1 жолчка+лажичка масло (или маргарин/посен мајонез)

ПОСТАПКА:

1.Растворете го квасецот во млака вода, па со постепено додавање на брашно и сол замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Тестото месете го 6-7 минути. Потоа поделете го 8 топчиња. Покријте ги со кеса и оставете да одморат 25 минути.

2.За фил: направете пире од варени компири, зачинете со сол и црн пипер, па додајте го ренданиот кашкавал и соединете.

3.Одморените топчиња тесто развлечете ги во тенки кори со големина на плитка чинија. Редете ги едно врз друго а секое претходно премачкувајте го со омекнат путер.

4.Најгорната кора не ја намастувајте. Покријте го купот со кеса и оставете го во фрижидер 30 минути за да се стегне.

5.Потоа развлечете една голема кора со праволаголен облик. Исечете ја на мали квадрати и во средината од секој квадрат ставете по една лажичка фил.

6.Потоа спојувајте ги спротивните краеви на секое квадратче за да се затвори филот, но лабаво, како писменце.

7.Премачкајте ги одозгора со жолчка и печете ги во загреана рерна на 190 степени, 50-55 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.