ПОСНИ КИФЛИ: Не верував дека ако ги премачкам со мајонез ќе бидат поубави од млечните…но, толку без вкусни што веднаш замесив уште една тура…
Посни кифлички какви што досега не сте пробале! Испробајте го рецептот на Валентина, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брашно
450 мл млака вода
30 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
3 полни лажици посен мајонез
100 мл масло
100 г посен мајонез за премачкување
сусам, лен… за посипување
Се пече во загреана рерна на 200с/10 минути и на 180c/15 минути
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад ставете брашно, изронет свеж квасец, шеќер, посен мајонез, масло, сол и со постепено додавање на водата замесете компактно тесто, средно меко. Убаво измесете го на набрашнета работна површина.
Намастете го малку маслото (намастете ја работната површина) и поделете го 12 топчиња. Оставете ги да одморат половина час на намастена површина и покриени со кеса за да ферментираат и малку да го зголемат волуменот.
Земете шест топчиња и истенчете ги со рака или оклагија, па пет од нив премачкјате ги со посен маргарин и наредете ги една врз друга. Последната не ја премачкувајте.
Притиснете го со раце купот од 6 кори за да се истенчи колку може повеќе, па оставете го настрана на намастена површина додека ги подготвувате и другите шест топчиња тесто.
ПОСНИ КИФЛИ НА ВОДА…Додека постиме секој ден ги правам…Идеални за појадок…
Потоа земете ја првата кора, сосем малку намастете ја од двете страни и развлечете ја во тенка кора. Преку цела површина посипете сусам и ленено семе (или по желба), па поминете со оклагија за да се втисне во тестото.
Подигнете ја кората преку оклагијата/сyкалото, намастете ја работната површина, па превртете ја кората така што семето да дојде од долна страна. Потоа развлечете ја кората колку што можете потенко.
Премачкјате ја преку цела површина во тенок слој со мајонез (не премногу) и исечете ја на 24 триаголници. Оваа кора е голема, па можете да сечете поголеми или помали триаголници, во зависност од тоа колкави сакате да бидат кифлите.
Кифлите можете да ги виткате празни или да ги филувате со посен кашкавал или да ги посипете со црвен пипер. Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора премачкјате ги со посен мајонез и оставете ги да стасуваат еден час на собна температура или додека убаво да го зголемат волуменот.
Потоа вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, па во топката рерна ставете ги кифлите да се печат, а по 10 минути намалете на 180 и допечете ги уште 15 минути.
Печените кифли кога ќе се оладат можете да ги замрзнете, па на денот на славата или кога ќе сакате да ги извадите да се одмрзнат.
Кифлите се многу вкусни како да содржат и јајца и млеко во нив. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ТУКА.