ПОСНИ КИФЛИ НА ВОДА…Додека постиме секој ден ги правам…Идеални за појадок…со некоја посна паштета или намаз, или пак, џем или мед…Рецепт и фотографии на Миклимара Павловиќ. Еве што ви е потребно:

ПОСНИ КИФЛИ / Рецепт и фото на Миклимара Павловиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млака вода
2 лажици шеќер
1 коцка свеж квасец (40 г)
1-2 лажички сол
брашно по потреба

За потопување на кифлите (30 секунди):
2 литри вода
2 супени лажици сода бикарбона

ПОСНИ КИФЛИ / Рецепт и фото на Миклимара Павловиќ

ПОСТАПКА:

1.Во малку млака вода растворете го шеќерот и квасецот, па додајте малку брашно и мешајте да добиете мазна смеса како за палачинки.

Оставете на топло 10-тина минути да ферментира и да се активира квасецот.

2.Во запенетиот квасец додајте ја млаката вода, шеќер, сол и малку по малку додавајте брашно.

Кога ќе се формира компактно тесто, домесете со рака за да добиете фино, мазно тесто кое не се лепи на рака.

3.Тестото покријте го и оставете го на топло да ферментира еден час или колку што е потребно за да го зголеми волуменот.

4.За тоа време во тенџере зовријте вода со сода бикарбона.

5.Од тестото обликувајте кифли, земички, ѓевречиња или што сакате, па спуштајте ги 30 секунди во врелата вода и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

6.Печете ги во загреана рерна на 180 степени додека убаво да заруменат. Рецепт и фотографии на Миклимара Павловиќ

ПОСНИ КИФЛИ / Рецепт и фото на Миклимара Павловиќ