Овој колач е многу вкусен и мирисен. Во него можете да ставате суво и кандирано овошје какво сакате и јатки по ваш избор. Постапката е интересна и секој може да го приготви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ И ПОСТАПКА:

4 супени лажици шеќер
1 супена лажица сув квасец
400 мл млако млеко
2 јајца на собна температура
100 мл растително масло

Измешајте, па додајте:

720 г брашно +-
1 мала лажичка сол

Месете 4 минути додека тестото да стане мазно и нелепливо, но меко. Покријте го и оставете го на топло да ферментира 1 час или колку што е потребно за убаво да го удвои волуменот.

По изминатото време истресете го на набрашнета површина и премесете го кратко и поделете го на два дела и обликувајте топки.

Посипете го едното тесто со малку брашно за да не лепи и развлечете го во тенка правоаголна кора и премачкјате ја одозгора со 70 г омекнат путер.

Одозгора ситно изрендајте кора од лимон/лимета/портокал и распоредете 1-2 раце суво грозје, сечакно суво/кандирано овошје по ваш избор и ситно сечкани ореви. Потоа свиткајте во ролат.

Ролатот покријте го со кеса за да не се суши додека го работите другото тесто. Второто тесто исто така развлечете го во праволаголна кора, премачкајте го со путер и наросете го со суво, кандирано овошје и ореви.

Потоа, на едниот крај поставете го првиот ролат и свиткајте ја втората кора исто во ролат заедно со првиот. На овој начин ќе добиете еден „џиновски“ ролат, како двете кори да се сте ги виткале во продолжение една по друга.

Овој голем ролат пресечете го на половина надолжно, но на едниот крај не докрај, туку како две краци споени на еден крај.

Земете еден крак и започнете да го виткате како полжав, но од надворешна страна, и така виткајќи да завршите со крајот од вториот крак.

Големиот полжав ставете го во калап обложен со хартија на дното и намастен со путер на ѕидовите. Покријте го со кеса и оставете го на топло да ферментира 1 час и да го зголеми волуменот.

По изминатото време (по желба премачкјате го со малку млеко и масло или жолчка), па ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени додека убаво да зарумени, 40-тина минути или прилагодете на вашата рерна.

Печениот колач по желба можете да го премачате со путер додека е врел (не мора). Кога ќе се олади посипете го со шеќер во прав. Видеото погледнете го ТУКА.