Соленки со прелив за переци – вкусно задоволство!

Потребни состојки:

1 кг брашно

2 коцки квасец

600 мл млако млеко

2 лажици шеќер

1,5 лажичка сол

150 мл масло

2 лажици оцет

Постапка:

Замесете го тестото* од наведените состојки. Кога тестото ќе се удвои, премесете го уште еднаш (вкупно двапати треба да стаса тестото).

*(во млакото млеко издробете го квасецот, додадете шеќер и 3 лажици брашно, измешајте и оставете 10 минути. Додадете ги сите останати состојки во брашното и измесете меко тесто)

Направете топчиња па сукајте ги со должина според ваша желба. Редете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Оставете ги да се киснат околу 10 минути. Премачкајте ги со млеко и ставете ги да се печат, во претходно загреана рерна на 200 степени.

Се печат 7 минути па се премачкуваат со прелив.

Прелив:

5 лажици брашно

1,5 лажичка сол

1 лажица скроб

Вода по потреба (да не биде ни ретко ни густо, слично како тесто за палачинки)

После 7 минути печење, прелијте ги соленките па печете ги уште 3-4 минути. Внимавајте да не ги препечете.

loading...