Пробајте сарми во винова лоза, онака како што ги прават во Турција

Постојат разни сарми, но оние направени со винова лоза се баш посебни…

Потребни состојки:

40 листови од винова лоза +-

1 главица кромид

3-4 чешниња лук

100 г ориз

500 г мелено месо

300 мл кисела павлака

Сол, црн пипер, копар, магдонос, лута сува пиперка и други зачини по желба

400 мл јогурт

Постапка:

Листовите избланширајте ги во солена вода од 1 минута до 7-8 минути, ако се постари. Префрлете ги во ладна вода за да не ја изгубат зелената боја, исцедете и малку изладете. Оризот проварете го 10-тина минути во двојна количина солена вода, процедете и изладете.

Ситно сечканиот кромид пропржете го, додадете и ситно сечкано лукче, промешајте и тргнете од оган. Во еден сад ставете го меленото месо, оризот, сол, црн пипер, зачински билки (свежи или суви), пиперче, 2/3 кромид, па прелијте со вода, а третина од кромидот ставете во сад во кој ќе се готват сармите.

Малку оставете смесата да излади, а потоа добро промешајте. Почекајте сите состојки добро да омекнат, околу 20 минути. Врз листовите од винова лоза ставајте од смесата со месо, па виткајте сарми. Редете ги врз кромидот во садот и така полнете го садот. Покријте со алуминиумска фолија и гответе околу 35 минути на 200 степени. Тргнете ја фолијата, печете уште 10-тина минути, а потоа прелијте со павлака и запечете. Послужете со јогурт.