Од истото тесто замесувате и крофни и ролат – нешто многу вкусно!

Фото и рецепт: Стојка Ангелковска

Потребни состојки:

700 г брашно

400 мл млеко

50 мл масло

40 г квасец (една коцка)

2 јајца

1 лажица шеќер

½ лажичка сол

Масло за пржење или путер за премачкување на ролатот

Постапка:

Се активира квасецот и се замесува тесто од наведените состојки. Кисне еден час, а после откако ќе се исечат со чаша киснат уште половина час. Крофните не се многу шупливи, полни се, но токму такви ги сакаме. Половина од тестото можете да издвоите за правење на ролат: Се сучи кора, се премачкува со путер и џем по желба, се витка и се пече претходно премачкано со путер одозгора и наросено по желба, кисне половина час па се пече..