НЕМА “УТКА” – тридневна диета за минус 2 килограми

Ова е тридневен план на исхрана:

Прв ден:

Појадок: чаша овес со овошје и семе, малку бадеми, или 3 јајца.

Утринска ужина: грст ореви.

Ручек: Пилешки гради со варени тиквички, пашканат, моркови, репка, цвекло, бадеми и грав. Нормална порција.

Вечера: печена риба со една чаша боранија, или лосос со пржени печурки и брокула.

Втор ден:

Појадок: Една чаша овес со овошје и бадеми, семки, или 3 пржени јајца со спанаќ.

Ужина: 1 грст ореви.

Ручек: тиквички на скара со жолти и црвени пиперки и лимон и мајчина душица, или рендана зелена и црвена зелка – салата, рендан морков со лимон, маслиново масло, сол, гарнирано со сечкан магдонос.

Вечера: варен зеленчук.

Трет ден:

Појадок: 1 чаша овес со овошје и бадеми или семки, или омлет од 2-3 јајца со ракчиња, кељ, ротквица.

Ужина: грст ореви.

Ручек: Печени пилешки бутови со рузмарин, лимон и жалфија, или печено пилешко со црни маслинки, кромид и мајчина душица.

Вечера: супа од печурки со лук, моркови, кромид, мајчина душица, целер и ловоров лист, или Тестенини со печурки, доматен сос и босилек.