Настинките и грипот се најчести заболувања на респираторниот тракт. Повеќето луѓе овие симптоми ги чувствуваат неколку пати во текот на годината, обично на пролет и на есен. Ако чувствувате дека ќе се разболите, морате веднаш да превземете неопходни мерки.

Еве три едноставни, но ефикасни и проверени народни рецепти кои ќе ви помогнат да се изборите со почетните симптоми на настинката, како и евентуално да се спречи нејзиното напредување:

Овој напиток може да се смета како замена за шумливите таблети, а можете да го направите сами.
Во 1,5 литар сварена  и оладена на собна температура вода, додадете:
1 супена лажица крупна морска сол,
сок од 1 лимон и
1 грам витамин Ц во вид на шумлива таблета, кој содржи аскорбинска киселина.

По желба можете да засладите со лажица мед. Убаво измешајте го растворот и консумирајте го во рок од 1,5 час.