Излекувала катаракта без операција, со само еден обичен зачин!

На пријателката на мојата мајка, Светлана, пред неколку години и дијагностицираа катаракта. Секако дека таа беше загрижена и започна да се лекува. И препишале специјални капки за очи и очила.

Меѓутоа, после шест месеци, прегледот покажал дека ништо не се променило – катарактата и натаму била присутна. Добро било тоа што состојбата барем не се влошила, болеста не напредувала. Тогаш, во чекалната кај лекарот, од други луѓе дознала дека за лекување на катаракта постои добар народен лек од некоја позната исцелителка. Се посоветувала со лекарите, но тие биле скептични. Светлана сепак одлучила да ја проба таа терапија.

Се лекувала со тој народен лек точно еден месец, не пропуштајќи ниту еден де. И што се случило? На следната контрола, лекарите не можеле да пронајдат ни трага од катарактата – целосно исчезнала! Видот исто така, значително се подобрил.

Потребно ви е парче фланел (лесна, волнена или памучна ткаенина која е цврсто исткаена) кое е доволно густо за да може да ја држи водата. Од оваа ткаенина сошијте две вреќички со величина од 5х5 сантиметри. Потоа во секоја вреќичка ставете по три до врв полни кафени лажички семе од копар.

Вреќичките врзете ги, ставете ги во емајлиран сад и прелијте со ладна вода, така да бидат целосно потопени. Садот загрејте го до вриење и варете го семето околу две минути. Потоа извадете ги вреќичките со цедалка, на чинија, да се исцеди водата од нив.

Додека се уште топли, ставете ги на затворени очи. Покријте ги со проѕирна фолија и топол пешкир. Оставете ги на очите додека да се изладат, околу 10-15 минути.

Овој третман се прави навечер, пред спиење. Вака приготвените кесички може да се употребат двапати, а потоа семето се фрла. Вреќичките се задржуваат – доволно е да се исперат со чиста вода, без сапун, да се наполнат со ново семе и да се продолжи лекувањето. Секојпат треба да се земе нова, чиста вода.

Испробајте го овој рецепт. Се надевам дека ќе ви помогне, како што и помогна на мојата мајка.