Артериите се крвни садови кои пренесуваат густа крв збогатена со кислород од срцето до сите органи во телото. Една здрава артерија е силна, еластична и флексибилна. Прогресивно затнати артерии е состојба позната како атеросклероза и претставува главна причина за кардиоваскуларни болести, вклучително и срцеви удари, мозочни удари и периферни кардиоваскуларни болести, вклучително и срцеви удари, мозочни удари и периферни кардиоваскуларни болести.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот. Со оглед на тоа дека не покажува никакви симптоми, многу е тешко да се дијагностицираат. Лекарите обично препишуваат лекови за намалување на холестеролот или бета-блокатори за оваа состојба, но постои и природен начин да ги исчистите своите артерии.

ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ ОД НАСЛАГИ НА ХОЛЕСТЕРОЛ. РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

4 главици лук

4 средни лимони со кора (органски, по можност)

3 литри превриена вода

Постапка:

1.Лукот поделете го на чешниња и исчистете ги.

2.Лимоните прелијте ги со превриена вода, истријте ги со сода бикарбона, исплакнете и пребришете, па потоа исечете ги на парчиња.

3.Се’ сомелете на машина за мелење месо.

4.Сомелената смеса ставете ја во чиста стаклена тегла од 3 литри и прелијте со со топла, превриена вода, до врв на теглата.

5.Поклопете и оставете во фрижидер 3 дена.

6.Потоа процедете и течноста чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Максимална доза на напитокот е 50 мл трипати дневно, пред оброк. Сепак, чистењето на крвните садови треба да започне со помали дози (1-2 супени лажици). Ако постои непријатност, дозата полека зголемете ја до неопходната.

Се консумира во текот на 40 дена. Чистењето на крвните садови, на овој начин, се препорачува да се спроведува еднаш годишно, по консултација со лекар.

После консумирањето на овој природен лек, се подобрува циркулацијата на крвта и нејзиниот липиден состав, се нормализира крвниот притисок, се подобрува мозочната циркулација и полесно се губат вишокот килограми.