Потребни состојки:

4 јајца

100 г шеќер

3 големи лажици брашно

1/2 прашок за печиво

200 г путер

150 г чоколадо за готвење

за прелив:

100 мл млеко

30 мл рум

за крем:

500 мл слатка павлака

50 г путер

Постапка:

Добро изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го брашното во кое претходно сме го промешале прашокот за печиво.

Растопете го путерот и чоколадото, соединете ги, а потоа додадете ги во смесата, но не смеат да бидат врели.

Печете во калап за торти (со обрач) обложен со харија или намастен и набрашнет, 30 минути на 180 степени. Кога е печено прелијте ја кората со млеко во кое сте додале рум. Оставете кората да излади и не ја вадете од калапот.

Величината на калапот вие сами го одбирате во зависност од тоа колку сакате да ви биде висок колачот. Ако е понизок, печете некоја минутка пократко, а ако е повисок печете подолго и проверувате со чепкалка.

Во меѓувреме загрејте ја слатката павлака, па тргнете од оган и додадете чоколадо и путер, па мешајте додека се растопат, па прелијте преку изладениот бисквит.

Оставете најмалку 3 часа во фрижидер да се стегне кремот. Кремот кога ќе го прелиете ќе ви се чини за течен, но кога ќе се стегне добива убав префинет вкус на чоколаден крем кој се топи во уста.