2 штетни нуспојави на утринската лимонада: Бидете внимателни

Водата со лимон често на наоѓа на списокот за најдобри детокс напитоци, а особено се препорачува за слабеење.

Овој напиток обично се пие наутро, на празен желудник, токму затоа што ја дава дневната доза антиоксиданти и витамин Ц. Кај диетите се препорачува бидејќи не содржи шеќери и калории.

Познато е дека водата со лимон ја подобрува перисталтиката на цревата а со тоа се олеснува исфрлањето на екскрементот од дебелото црево, врши детоксикација на црниот дроб и го чисти телото од токсини.

Сепак, иако благотворно делува на организмот, лимонадата има два несакани ефекти:

ГАСТРИТИС

Сите цитруси поттикнуваат лачење на киселини во желудникот, па поради тоа може да се јави гастритис. Бидете внимателни со количината која ја внесувате, односно на концентрацијата на лимонот.

ОШТЕТУВАЊЕ НА ЗАБНАТА ГЛЕЃ

Поради својата киселост, лимонот може да ја оштети забната глеѓ, да предизвика чувствителност на забите, а потенцијално и кариес. Во случај да имате чувствителни заби, се препорачува после лимонадата да ја исплакнете вашата уста со чиста вода.