ТУРСКИ МЕКИЦИ: Го барав рецептов цела година, повкусни не сме јаделе…Сите се воодувени! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г компири
200 мл водата во која се варел компирот
1 лажица шеќер
1 лажиче сол
1 јајце
10 г сув квасец
600 – 650 г брашно
2 лажици масло

ФИЛ:
500 г мелено месо
1 главица кромид
сол и зачини по вкус
50 мл зовриена вода
растително масло за пржење

ПОСТАПКА:

Компирите излупете ги и исечете ги на коцки со приближно еднаква големина (за рамномерно да се сварат), прелијте ги со вода и варете ги додека да омекнат. Од течноста сочувајте една чаша, а компирите испасирајте ги во пире.

Во пирето додајте 200 мл од течноста (една чаша што ја одвоивте), промешајте, додајте сол и шеќер, едно јајце и сув квасец. Сето добро измешајте го за да се растворат состојките, а потоа започнете постепено да го додавате брашното.

Замесете со рака додека тоа стане компактно, па залијте го со 2 лажици масло и уште малку домесете го за да се измазни. Покријте го и оставете го на топло место да ферментира 40 минути или додека убаво да го удвои волуменот.

ЗА ФИЛ: ситно исечкјате го кромидот или изблендирајте го, додајте го меленото месо, посолете и зачинете по вкус, додајте 50 мл врела вода, па замесете со рака додека да се изедначи смесата. Оставете во фрижидер да одмори додека го сработите тестото.

Стасаното тесто истресете го на работна површина и поделете го на 12 дела, а секој дел обликувајте го во топче. Потоа секое малку сплескајте го со рацете.

Филот од мелено месо поделете го на 12 дела и од секој обликувајте плескавица и поставете врз секое тесто. Внимателно затворете ги тестата, повторно обликувајќи топки.

Потоа секоја филувана топка посипете ја со малку брашно и со прстите малку развлечете ја за да стане тенка како питулица. Покријте ги оставете ги малку да одморат 5-10 минути.

Потоа пржете ги една по една во тава со масло 1-2 см длабочина, загреано на умерена температура додека убаво зарумени од двете страни. Деталите од постапката можете да ги погледнете ТУКА.