ТРИ НАЈВКУСНИ ПОСНИ ПИТИ ОД ГОТОВИ КОРИ: Не знаете која е подобра, лесно и брзо се прават, ОДЛИЧЕН ПОСЕН РУЧЕК… Доколку сакате пити, ви ги откриваме рецептите на Валентина за три посни пити кои можат да бидат совршен предлог за ручек.

фото – Скопјанка

Состојки за пита со компири:

500 г кора за пита
1 кг компири рендани
6-7 главици кромид, ситно исечкан
масло, сол, црн пипер

Кромидот посолете го и истријте го со рака за да омекне, па додајте го во ренданиот компир. Запиперете и сипете малку масло.

Корите се прскаат/мачкаат со мешавина од масло и газирана вода. Премачкјате две кори една врз друга. Филувајте, виткајте како ролатчиња или по желба и редете во намастен и обложен со хартија плех од рерна.

Одозгора премачкјате ги со мешавината од масло и газирана вода. Печете во загреана рерна на 200 степени приближно половина час.

Состојки за пита со кисела зелка:

500 г кора за пита
1 кг кисела зелка ситно исечкана
масло, црн пипер

Ситно сечканата зелка издинстајте ја на малку масло и зачинете ја со црн пипер, па оставете настрана да се лади.

Корите се прскаат/мачкаат со мешавина од масло и газирана вода. Премачкјате две кори една врз друга, па распоредете фил и свиткајте во ролат, па како полжав. Печете во загреана рерна на 200 степени приближно половина час.

Состојки за манастирска пита:

500 г кора за пита
2-3 страка праз ситно исечкани
2 црвени пиперки
2 лути пиперки
500 г шампињони печурки
300 г соја трошки, обарени и исцедени
масло, сол, црн пипер, оригано

Празот издинстајте го на малку масло, па додајте ситно сечкани пиперки и пржете додека да омекне. Пред крајот додајте ги сечканите пиперки и динстајте додека сето убаво се испржи и испари вишокот течност.

Додајте ја сојата и промешајте, зачинете со црн пипер, сол и оригано. Оставете настрана да се лади. Оваа пита можете да ја диплите во триаголници или по ваш избор. Ако се тенки редете по две кори, а ако се подебели, по една.

Корите за сите три пити се прскаат/мачкаат со мешавина од масло и газирана вода. Филувајте, виткајте и печете. Печете во загреана рерна на 200 степени приближно половина час. Постапката погледнете ја во видеото ТУКА.