Добро би било вкупниот холестерол да не биде поголем од 5 mmol/L, а за да го одржувате под контрола пожелно е да ги јадете овие намирници.

Брзата храна честопати е причина за пораст на новоата на лошиот холестерол и затоа треба особено многу да се внимава на ошта го консумираме.

Кога се говори за храна, честопати ја споменуваме и тој мистичен збор – холестерол. Но колку повеќе слушаме за холестеролот, како сèпомалку да знаеме за него. Што е навистина холестеролот и како да се држи под контрола, објаснуваат руските лекари.

ДОБАР ИЛИ ЛОШ?

Обично луѓето го поврзуваат холестеролот со нешто лошо, меѓутоа постојат два вид: добар и лош холестерол. Во што се разликуваат?

Во нашата крв холестеролот не плови едноставно во својот чист облик, туку секогаш се наоѓа заедно со мастите , протеините и други супстанции. Овие комплекси се нарекуваат липопротеини.

Од составот на овие супстанции зависи дали холестеролот е добар или лош. На пример, кога составот на липопротеините е со мала густина (ЛДЛ), тогаш говориме за “лош” холестерол”.

Кога холестеролот е во ваков комплекс, тогаш се таложи на ѕидовите од крвните садови формирајќи т.н. “плаки” од холестерол.

Триглицеридите (масти) кои главно се наоѓаат во липопротеините, се однесуваат на сличен начин. Добриот холестерол се наоѓа во липопротеините до голема густина (ХДЛ). Во овој облик се пренесува до црниот дроб и има лесен профилактички и куративен ефект.

ОД КАДЕ ДОАЃА ХОЛЕСТЕРОЛОТ?

Уште едно клучно прашање, од каде доаѓа холестеролот? Всушност, најголемиот дел го синтетизира нашиот црн дроб, а многу помал дел доаѓа од дигестивниот тракт – околу 20-25%.

Холестеролот кој доаѓа од цревата не произлегува целосно од храна, туку дел доаѓа од жолчниот сок кој го создава црниот дроб и го излева во дигестивниот тракт.

СО ПОМОШ НА ДИЕТА можете да го намалите овој внес на холестерол и неговото ниво за 10-15%. Тоа не е многу, па затоа пред сè се користат лекови кои ја успоруваат синтезата на холестеролот во црниот дроб, каде што во најголемиот дел се формира. Овој пристап е поефикасен од самата диета, но води кон долгорочна зависност од лекови.

Затоа треба да се прават навремени прегледи и проверки на нивото на холестеролот, за да може на природен начин да се регулира и да се спречи влошување на состојбата.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ НАМАЛИ ХОЛЕСТЕРОЛОТ?

Би било добро возрасните лица да го одржуваат вкупниот холестерол на максимум 5 ммол/л. Се смета дека до оваа граница холестеролот не придонесува кон развој на кардиоваскуларни болести.

Меѓутоа, цела оваа тема е многу контраверзна во научната заедница и постојат бројни фактори кои влијаат врз целокупното негативо дејство врз холестеролот.

Кардиологот Јуриј Васјук, шеф на Одделението за клиничка функционална дијагностика и научен секретар при Московскиот државен универзитет за медицина и стоматологија “А.И.Евдокимов”, за холестеролот напиша:

“Пред сè, при препишувањето на лековите кои го снижуваат холестеролот во крвта, мора да се фокусирате во намалувањето на нивото на т.н. липопротеини со мала густина (ЛДЛ).

Тие можат да придонесат кон развој на атеросклероза. Кога се зголемени, ние тоа го нарекуваме “лош холестерол”.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОБАРА ПОМОШ ОД ЛЕКАР?

Современиот поглед на ова прашање е следниот: Не е секое ниво на зголемен холестерол подеднакво штетно кај сите. Зависи колкав е ризикот од инфаркт, мозочен удар и други болести поврзани со атеросклерозата. Колку е поголем ризикот за појава на овие болести, толку нивото на холестеролот треба да е пониско.

Постојат посебни начини за проценка на овој ризик. На пример, лицето спаќа во ризична група доколку има доста предиспозиции за развој на кардиоваскуларни болести (боледува од хипертензија, имам проблем со дебелина, пуши, боледува до дијабетес мелитус итн.)

Доколку веќе се појавиле некои манифестации на атеросклероза (оштетување на срце, крвни садови на мозокот, бубрези, очи итн.), лековите за намалување на холестеролот преба да се препишуваат како превенција и кога нивото на холестеролот не е премногу високо.

Во многу студии се покажало дека тоа всушност го намалува бројот на кардиоваскуларни компликации и смртни случаи.

ЛЕКОВИ

Главни лекови кои се користат за снижување на холестерлот се статините кои имаат т.н.плеитропни ефекти: тие не само што ја инхибираат синтезата на холестеролот во крвта, туку и го спречуваат имунолошкото воспаление во внатрешноста од ѕидовите на крвните садови.

Така значително се намалува ризикот од оштетување на самите крвни садови и создавање на плаки и крвни згрутчувања кои доведуваат до срцев и мозочен удар.

Покрај статините, се користат и лекови од групата фибрати кои делуваат главно врз триглицеридите, како и лекови кои ја потиснуваат апсорпцијата на холестеролот од цревата кој влегува во телото заедно со масната храна.

А неодамна се појавија и т.н. моноклонски антитела. Овие антитела имаат најмоќно дејство и обично се користат кога статините, фибратите и другите лекови не го намалуваат холестеролот во доволна мера.

Ова особено е често случај со наследната хиперхолестеролемија – метаболно пореметување кое доведува до нејзино значително зголемување.

РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ПРЕПОРАЧУВААТ СУВИ ЈАБОЛКА (ЧИПС ОД ЈАБОЛКА)

Според препораките на рускиот доктор и диетолог Михаил Гизбург, консумирање на 75 г суви јаболка дневно, доведува до намалување на холестеролот за 15-20%, што може да се спореди со некои синтетички лекови.

На списокот од поелни намирници кои помагаат во намалување на “лошиот” холестерол се наоѓа и доматот, сок од домати, харинга, скуша, сардини и други риби богати со омега 3 полинезаситени масни киселини.

Овие масни киселини имаат изразен антиинфламаторен ефект и доведуваат до намалување на ризикот од компликации од атеросклероза – вели д-р Гинзбург.