Оваа собна билка треба сите да си ја имаме во собите во кои престојува, особено доколку живееме на прв или втор кат од зграда која излегува на улица, поради изложеноста на издувните гасови.

Исто така, оваа билка успешно го неутрализира дел од штетниот чад на цигарите, па затоа, зелениот лилјан е најзастапен во домовите на пушачите.

Постојат билки кои не се само убави и декоративни, туку се и корисни. Таква е и зелениот лилјан кој штити од секакви загадувања.

Благодарение на ова својство, чудесните зелени лилјани (хлорофитум) значително ја подобруваат микроклимата во нашиот дом.

Оваа билка воопшто не бара некоја преголема нега и можете да ја чувате на светлина, но и на сенка.

Ако е изложена на сочнева светлина, хлорофитумот со текот на времето ќе стане посветол, а линиите на неговите листови ќе станат поизразени и се многу декоративни. Додека кај оние што се под сенка, овие линии постепено исчезнуваат.

Многу ефикасно ги неутрализира материите кои се штетни за човековиот организам, како што се фенол, бензен, формалдехид и други, кои во големи количини ги емитуваат современите материјали кои се користат за завршна обработка на мебелот од иверица.

Ги апсорбира и издувните гасови. Затоа оваа билка едноставно е неопходна за сите кои живеат на прв и втор кат.

Хлорофитумот исто така е неопходен и во кујната, бидејќи активно го впива јаглен-моноксидот.

Оваа билка е речиси секаде присутна во домовите кај оние што пушат, бидејќи зелени лилјани го неутрализираат чадот од цигарите.

Покрај сè од наведеното, билката делува изразено антимикробно и антибактериски.