Јас секогаш го сакам го топол и никогаш не дочекувам да излади целосно.

Потребни состојки:

500 г брашно (може бело или мешано)
1 лажица инстант квасец или половина свеж квасец
½ лажичка сол
1 прстофат шеќер
1 лажица масло
Млака вода по потреба

За фил:

200 г фета сирење
3 лажици маслиново масло + 1 лажица за намастување на тепсијата
1 лажица оригано или мајчина душичка

за премачкување:

1 жолчка
3-4 лажици сусам

постапка:

Од состојките замаесте тесто, многу едноставно, исто како тесто за пива. Тестото формирајте го во топка, намастете го и покријте го со обична кеса и оставете го кисена 30-45 минути додека да го удвои својот волумен.

За тоа време издробете го фета сирењето.

Тестото ставете го на набрашнета работна површина. Развлечете го прво со оклагија, а подоцна можете и малку со рака, да добиете тенка кора, но не претенка.

Кората добро намастете ја со маслиново масло а потоаако сакате наросете оригано, па потоа фета сирење. На едниот дел (кон себе) со прстите направете дупка до средина на кругот, а потоа со двете раце виткајте ја кората во голем колбас.

Кога ќе дојдете до крајот, колбасот лесно со рацете раширете го. Во тркалезна керамичка тепсија за печење која претходно сте ја намастиле, ставете го тестото како полжав, внимавајќи да не се спојуваат краевите. Покријте и оставете на топло место да кисне околу половина час. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Удвоениот полжав премачкајте го со жолчка и наросете го со сусам. Печете го околу 35 минути или додека почне да се одвојува од тепсијата. Ако сакате на дното можете да ставите хартија за печење.