Многу сочен и вкусен колач!

Потребни состојки за жолта кора:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
Џем од кајсии

Потребни состојки за темна кора:

7 белки
7 лажици шеќер
3 жолчки
10 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
½ прашок за печиво

За фил:

4 жолчки
2 ванилин шеќер
100 г чоколадо
50 г путер/маргарин
100 мл млеко
Малку рум и 1 лажица мелени ореви

За чоколадна глазура:

100 г чоколадо
2 лажици масло
1 мала коцкички путер

Постапка за приготвување на жолта кора:

Се матат цели јајца со шеќерот додека шеќерот да се растопи. Во пенасто изматените јајца се додава брашно, па смесата се излева во плех 35х25 см обложен со хартија за печење и се пече во рерна на 180 – 200 степени.

Печената кора внимателно се одлепува од хартијата и се замотува во крпа (јас не ја виткав во влажна крпа зошто убаво се витка и вака, без пукање).

Постапка за приготвување на темната кора:

Изматете ги белките во цврст снег, додадете шеќер и матете додека да се растопи, а потоа внимателно додавајте едно по едно јајце (се мати со најслаба брзина на миксерот).

Со лажица внимателно се додаваат оревите промешани со брашно и прашок за печиво. Излејте во плех 40 х 30 см обложен со хартија за печење и испечете.

Внимавајте да не ви загори, треба само малку да зарумени. Внимателно одлепете ја кората и свиткајте ја во ролат.

Додека се печат корите пригответе го филот:

Изматете ги жолчките со ванилин шеќерот, па потоа гответе ги на пареа додека да згуснат.

Кога филот ќе почне да згуснува, за 10-тина минути, додадете го чоколадото исечкано на коцки, путерот и млекото, мешајте убаво да се соедини и да се зготви на пареа.

На крајот додадете 2-3 лажици рум и мелени ореви.

Ролатите филувајте ги додека се млаки, полесно се размачкува. Прво жолтата кора обилно премачкајте ја со џем од кајсии и свиткајте ја.

Темната кора премачкајте ја со фил, потоа на неговиот почеток ставете го свитканиот жолт ролат, па потоа свиткајте го темниот ролат.

Во тенок слој премачкајте со џем и прелијте со чоколадна глазура (во микробранова печка стопете го чоколадото, маслото и парче путер).