ПОСНА ПОГАЧА СО ЛУК И ОРЕВИ (за Тодорова сабота)

Потребни состојки:

400 г брашно (300 бело + 100 интегрално) + за поросување и месење

50 мл маслиново масло + за премачкување

½ лажичка шеќер

20 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец

200 мл вода (50 мл обична + 150 мл газирана)

За фил:

3 главици кромид

2-3 чешниња лук (или во прав), по желба

По потреба масло за динстање

200 г сечкани ореви (150 г + 50 г)

Сол, црн пипер, црвен пипер, по вкус

Постапка:

На малку масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете и сечкано лукче и посолете по вкус. Готовиот кромид тргнете го на страна, додадете 150 г сечкани ореви, зачинете со црн и црвен пипер. Преостанатиот орев тргнете го на страна.

Во 50 мл млака вода растопете го квасецот и шеќерот, па оставете да запени. Во сад за мешање ставете брашно (ако најдете најубава комбинација е со интегрална спелта), посолете по вкус, додадете масло и активираниот квасец, па со додавање на кисела вода замесете тесто. Оставете да отстои околу 15-тина минути, а потоа премесете го и поделете го на три дела.

Првиот дел од тестото развлечете го со оклагија, премачкајте ја целата површина со масло и наросете со половина од преостанатите сечкани ореви (25 г). Развлечете го вториот дел од тестото, префрлете го преку првото, па и него премачкајте го со масло и наросете со ореви. Развлечете го и третиот дел, префрлете го преку вториот, па сето убаво премесете и формирајте валјак. Поделете го на три дела.

Тркалезна тепсија (26/28 см) намастете ја со масло и наросете со брашно. Со оклагија развлечете го првиот дел од тестото со величина на плехот, па внимателно пренесете го во плехот и врз него распоредете половина од филот со кромид и ореви. Прекријте со втора кора, па преку неа наредете го вториот дел од филот. На крај, сето прекријте го со третиот дел од тестото, спојте ги ивиците и одозгора погачата премачкајте ја со масло.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 45-50 степени. Испечената топла погача веднаш по вадењето повторно премачкајте ја со масло.

Погачата малку нека излади, па сечете ја на убави парчиња и послужете. Се јаде истиот ден кога ќе се направи, многу е вкусна, но за следниот ден веќе станува малку сува.

Претходна статијаЧУДОТВОРНИОТ СУСАМ: лек против тромбови, хемороиди, изгореници
Следна статијаСУВИ СМОКВИ: против анемија, за остеопороза, висок крвен притисок, холестерол, астма, јакнење на бели дробови, афти