Сувите смокви се одличен извор на минерали, како калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Содржат повеќе калциум од кравјото млеко. Со внес на 100 г суви смокви добивате 680 мг калиум, 162 мг калциум, 2.03 мг железо, 68 мг магнезиум и 0,510 мг манган (26%).

Калиумот е важен составен дел од клетките ткивните течности, помага во контрола на крвниот притисок и работата на срцето. Бакарот, како и железото се потребни за производство на црвени крвни клетки и за клеточна оксидација.

Поради големата количина на бакар им се препорачува на луѓе кои патат од анемија, бидејќи овој минерал поттикнува подобро производство на црвени крвни зрнца, а поради калиумот доаѓа до регулација на крвниот притисок.

Сувите смокви се борец против остеопорозата и само 10-тина плодови дневно делуваат превентивно против губиток на коскеното ткиво. Се успорува стареењето, делува против слободните радикали, изобилува со антиоксиданти, го забрзува метаболизмот и сл.

Со консумацијата на суви смокви треба да бидат внимателни дијабетичарите, но и оние кои имаат проблем со дебелина, бидејќи овие плодови имаат дури 5 пати повеќе калории од свежите смокви.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

40 смокви

Екстра девствено маслиново масло

Постапка:

Околу 40 смокви ставете во тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете и оставете да отстојат околу 40 дена. Смоквите го апсорбираат поголемиот дел од маслото, па на тој начин доаѓа до концентрација на нивните состојки.

Употреба:

Јадете ги смоквите пред секој оброк (по една смоква). Лекуваат: астма, холестерол и анемија.

ЗА ЈАКНЕЊЕ НА БЕЛИ ДРОБОВИ:

Во еден литар црно вино сварете една рака сомелени суви смокви, една рака мелен рогаш, малку шеќер и 2-3 каранфилчиња. Се процедува и се пие по една ракиена чашка 3 пати дневно.

ЗУЕЊЕ И ШУМ ВО УШИ

20 г синап сомелен во прав измешајте со 200 г мелени смокви. Кашата се користи како облога за увото преку газа.

ЗА ОШТЕТЕНА КОСА

Во шампонот додадете неколку капки масло од смоква, оставете да делува 5 минути па исплакнете. Ова масло можете да го додавате и во пакувањата за коса од јајце, пченични ‘ркулци, мајонез и слично.

ДОМАШЕН ЛИКЕР ОД СМОКВИ

Еден килограм свежи смокви се преливаат со литар лозова ракија. Стаклената тегла се затвора со ленена крпа и се остава 2 седмици на топло. Растопете 500 г шеќер со малку вода, па додадете го во процедената ракија од смокви. Добро промешајте, прелијте преку смоквите и херметички затворете. После една седмица ликерот ќе биде спремен за пиење.

ПРОТИВ ЖУЉЕВИ

Се протрива млечниот сок и згмечени листови од смоква, но во време на доцна пролет, лето и рана есен.

ПРОТИВ ОПСТИПАЦИЈА

Исечете 3-4 суви смокви и 3-4 суви сливи, прелијте ги со чаша вода и соатвете да киснат преку цела ноќ. Наутро процедете испијте ја течноста и изедете ги плодовите.

АФТИ

Џвакајте 2-3 понежни листови од смоква, а потоа исплакнете ја устата со вода. Ова ги уништува сите воспаленија на непцата и забите и го освежува здивот.

ЗА ГРЛО

За да ослободите од непријатното пецкање во грлото, измешајте суви смокви, мед и топла вода. Ова пијте го во текот на денот.

АФРОДИЗИЈАК

Натопете неколку свежи смокви во млеко и оставете преку ноќ, па изедете ги наутро. Ако редовно се јаде ваков појадок, се засилува половата потенција.

ПРОТИВ ГНОЕВИ НА НЕПЦАТА И ЧИРЕВИ

Смоквата пресечете ја на половина и прелијте ја со млеко колку да биде покриена. Варете неколку минути, а потоа ставете ја на заболеното место. Повторете 2-3 пати.

ВО МАСЛИНОВО МАСЛО

Околу 30 суви смокви наредете ги во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло, до врв. Затворете и чувајте околу еден месец за кое време ќе го впијат маслото. Се јаде по една смоква пред оброк, а помага при проблеми со желудник, хемороиди, опстипација, повишен холестерол, неплодност, анемија, астма и бронхитис.

ПРОТИВ БРАДАВИЦИ

Млечниот сок од смоквите кој истекува кога ќе се засече младо гранче или зелена смоква – служи за лекување на брадавици. Се мачка местото неколку пати додека да отпадне брадавицата.

ЧАЈ ОД ЛИСТОВИ ОД СМОКВА

Лекува бронхитис, брадавици, цироза на црн дроб, висок крвен притисок, кожни проблеми, дијабетес.

Две лажички лист од смоква се прелива со шолја врела вода, поклопено се остава да отстои 10 минути, па се процедува. Се пие една шолја секое утро, најдобро за појадок.

НЕГА НА КОЖА

За домашен пилинг: измешајте 1 лажица кафеав шеќер, 2 лажици цеден сок од портокал и 1-2 изгмечени свежи смокви. Додадете неколку капки маслиново и користете го пилингот еднаш седмично. Ензините од смоквата ги елиминираат мрвите склетки, а шеќерот нежно ја измазнува кожата.

ЗА ПОДОЧНИЦИ

Свежа смоква исечете на половина ставете како облога и оставете да делува 20 минути. Повторувајте неколку пати по ред.