Погачици со сирење, од 3 состојки, подобри од Жу-Жу!

Фото и рецепт: Марина Станојевиќ

Некогаш е подобро да си задоволен со она што го имаш и да не бараш повеќе. А веќе доста долго време имав одличен рецепт за погачици со сирење. Се прават брзо, од практично три состојки, тестото може да се замеси порано и да се чува во фрижидер неколку дена, погачиците може да се замрзнуваат и пред и после печење, вкусни се многу и први се изедуваат на секоја прослава.

Но мене тоа не ми беше доволно и посакав да се листаат како оние жу-жу. Воведов постапка за превиткување на тестото при приготвувањето и ја постигнав целта, но добив и повеќе од што ми треба – погачиците толку многу се разлистаа и отидоа во вис, што некои и повторно паднаа долу. Имаше секакви случаи како што може да се види на фотографиите. Навистина многу нараснаа и тоа без квасец и прашок за печиво. Иако тестото не го развлеков дебело, веројатно и тоа беше премногу за премалиот калап како основа, па добив и не баш репрезентативни примероци.

Поради тоа ви советувам сепак да го прескокнете тој чекор и да ги правите по старата, утврдена, скратена постапка.

Потребни состојки за тесто:

300 г сирење

300 г путер/маргарин

300 г брашно

Сол

НАПОМЕНА: Можете да кориртите количини на состојките по желба, но важно е сите три да бидат застапени во еднаква количина.

За премачкување:

1 јајце (помало)

За поросување:

Сусам

ПОСТАПКА:

1.Замесете тесто од сирење, путер, брашно и сол (по вкус).

2.Тестото свиткајте го во провидна фолија и оставете фо во фрижидер најмалку еден час.

НАПОМЕНА: Времето на стоење во фрижидер е од најмалку еден час до неколку денови. Најпрактично е да се остави преку ноќ, па следниот ден да го работите.

3.Извадете, развијте го со оклагија, па или превиткајте го како книга (постапка од сликата) или едноставно само со модла вадете кругови и редете ги на плех обложен со хартија за печење.

4.Премачкајте ги одозгора со разматено јајце и поросете со сусам, па печете во рерна загреана на 200 ° C додека да поруменат (околу 15-20 мин.)

Loading...