Home Рецепти Памук кифли со џем…Се топат во сируп и валкаат во кокос, излегуваат...

Памук кифли со џем…Се топат во сируп и валкаат во кокос, излегуваат 40 парчиња и со денови остануваат свежи…

кифли со џем

Памук кифли со џем…Се топат во сируп и валкаат во кокос, излегуваат 40 парчиња и со денови остануваат свежи… Многу вкусни кифли со џем по ваш вкус. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 јајца
200 мл масло
300 мл млеко
1 лажичка сув квасец
100 г шеќер
Околу 700 г брашно

За фил: џем од сливи
За сируп:
200 г шеќер
300 мл мл вода
За наросување: 100 г кокос

Постапка:

Во 300 мл млако млеко растворете лажичка сув квасец и 100 г шеќер. Оставете да се активира па додајте 2 јајца на собна температура, 200 мл масло и брашно, па замесете тесто.

Брашното додавајте го постепено додека да добиете средно меко тесто кое не се лепи. Добро измесете го и оставете го да ферментира, додека да го удвои волуменот. Потоа поделете го на 5 топчиња.

кифли со џем

Секој дел развлечете го во тенка, тркалезна кора и исечете 8 триаголници. На секој триаголник од тестото ставете по лажичка џем и свиткајте во кифличка. Истото направете го со преостанатото тесто.

<

Кифличките оставете ги да отстојат 15 минути па печете ги на 200 степени додека малку да заруменат.

кифли со џем

Во меѓувреме сварете го сирупот: Во еден сад ставете шеќер и вода, па варете 4-5 минути од времето кога ќе проврие.

Печените кифлички додека се топли валајте ги кратко во топлиот сируп (не треба да стојат туку само да се провлечат низ сирупот од едната и од другата страна, па потоа посипете ги или извалајте ги во кокос.

Кифличките повеќе денови остануваат меки, па можете однапред да ги приготвите за некоја прослава.

кифли со џем