Сочна, слатка, прелиена со шербет, оваа пита е за вистински љубители на благото!

Потребни состојки:

1 пакување готови кори (500 г)
4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
1 чаша јогурт
1 чаша гриз
1 кесичка прашок за печиво
700-800 г вишни

За прелив:

4 чаши вода
2 чаши шеќер
1 ванилин шеќер

Постапка:

Мерката на чашата е 180 мл, од јогурт.

Прво пригответе го филот. Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со миксер. Додајте гриз помешан со прашок за печиво, масло и јогурт. Сето заедно изматете го уште малку додека да се поврзат состојките.

пита со вишни

Вишните измијте ги, исчистете ги од семки и исцедете ги од сокот што ќе го пуштат. Корите разделете ги и поделете ги на 6 купчиња по 3 кори. Останатите кори, ако ви преостанат, тргнете ги на страна и искористете ги за нешто друго.

Овде ви се потребни само 18 кори за 6 фини и тенки ролатчиња, или ако ги сакате подебели, можат да бидат и 5 (во зависност од количината на продуктите што ги имате и големината плехот во кој ќе печете).

пита со вишни

Првата кора раширете ја и премачкајте ја со 4-5 лажици фил, втората ставете ја преку неа, ја повторувате постапката и ја редите третата кора. Неа не ја премачкувате со фил туку на еден крај редите вишни.

Направете еден ред густо наредени вишни една до друга за да биде питата богата и убаво тркалезна кога ќе ја свиткате во ролат.

Можете да ги расфрлате вишните и преку цела површина на кората, ова сепак, зависи од вашит вкус и желба, не е погрешно како и да ги свиткате ролатите.

пита со вишни

Значи откако ќе ги наредите вишните свиткајте ги корите во тенок и тркалезен ролат лесно притискајќи го и обликувајќи го. Истото повторете го и со останатите кори.

Плехот од рерната премачкајте го со малку масло и редете ги ролатите оставајќи мало растојание помеѓу нив. Питата премачкјате ја одозгора со малку масло пред печењето.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени одозгора. Мене ми беше потребно околу 15 минути, а вие должината на печењето прилагодете ја според вашата рерна.

Извадете ја печената пита од рерна и оставете  ја да излади. Ладната пита исечете ја на парчиња и прелијте ја со врел сируп.

За сируп: шеќерот ставете го во тенџере заедно со ванилин шеќер и прелијте со вода, па варете додека да проврие повремено мешајќи за да се растопи шеќерот.

Варете 10-тина минути, не треба да биде густо како за баклава. Врелиот сируп прелијте го преку изладената и исечена пита, оставете да излади малку, па послужете.

пита со вишни