Моите ледени коцки, филот е преубав со бело чоколадо – пробајте го!

Фото и рецепт: Вишња Вишња

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
3 лажици какао
½ прашок за печиво

За фил:

1 литар млеко
9 лажици брашно
5 лажици густин
9 лажици шеќер
100 г бело чоколадо
250 г путер/маргарин + малку шеќер во прав

За прелив:

300 мл вода
100 г шеќер

За глазура:

100 г чоколадо
2 лажици масло
1 лажица путер
5 лажица млеко

Постапка:

6 јајца изматете со 6 лажици шеќер, па додадете 6 лажици брашно, 3 лажици какао и половина кесичка прашок за печиво. Смесата излејте ја во намастена и набрашнета тепсија 20х35 см. Доколку сакате потенко тесто а повеќе фил, тогаш удвојте ги состојките.

За фил треба 1 литар млеко, 9 лажици брашно, 5 лажици густин, 9 лажици шеќер, 100 г бело чоколадо, 250 г путер и малку шеќер во прав за полесно да се измати путерот и да биде пенаст.

За преливање се потребни 300 мл вода и 100 г шеќер кратко да се проварат, па испечената и изладена кора се прелива со врелиот сируп.

Сварете го филот како за пудинг, па уште додека е врел додадете го белото чоколадо и мешајте за да се растопи во него и соедини. Кога ќе излади соединете го со пенасто изматениот путер.

За глазура: 100 г чоколадо растопете со 2 лажици масло, 1 лажица путер и 5 лажици млеко.

Излејте врз колачот и оставете на ладење.

Пробајте го овој фил со бело чоколадо, многу е вкусен и пријатен.

ледени коцки

Фото и рецепт: Вишња Вишња

Loading...