Ова е популарниот италијански рецепт за кифлички кој цела година го барав: Остануваат воздушести и следниот ден, а можете да ги јадете во солена или слатка верзија…

Италијанската кујна е меѓу најпознатите и најпопуларните во светот, а што и да одберете е неверојатно вкусно. Голем избор на тестенини, пици, месо, но и деликатеси како што е познатото тирамису или панакотата.

Ви предлагаме да направите меки кифлички по стариот рецепт на италијанските баби, бидејќи доколку сакате познати специјалитети, овие кифлички ќе ве воодушеват. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл топло млеко
100 г шеќер
20 г свеж квасец
3 јајца
150 мл масло
150 г цврст јогурт/кисела павлака
1 кг брашно
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
растопен маргарин за премачкување на корите
2 жолчки + малку млеко за премачкување на кифличките
сусам

ПОСТАПКА:

Измешајте млако млеко, шеќер и изронет квасец. Кога ќе се растворат состојките додајте 3 јајца, 150 мл масло и 150 г густ јогурт или кисела павлака на собна температура.

Добро соединете. Потоа започнете постепено да го додавате брашното, солта и прашокот за печиво, а кога тестото ќе стане густо, замесете го со рака.

Намачкајте го со малку масло и оставете го да ферментира 3 часа, покриено со кеса, во топла просторија. Стасаното тесто премесете го, па поделете го на 4 еднакви делови.

Обликувајте топчиња, покријте ги и оставете ги да отстојат 5-10 минути.

Потоа развлечете едно топче со оклагија во тенка кора, премачкајте ја со растопен путер преку целата површина и исечете го на триаголници.

Направете мал рез на секој триаголник од тесниот кон поширокиот дел (види слика). Свиткајте ги кифличките. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат половина час.

Изматете ги жолчките со малку млеко и премачкајте ги кифличките, па посипете ги со сусам. Ставете да се печат во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.