Од 1 кг мелено месо добивам две големи векни-ролати…Ги печам врз кромид во рерна – прсти да излижеш! Запишете си го рецептот и направете го за вашето семејство или за вашите мили гости. Едноставно е и економично, а многу вкусно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г леб, 200 мл млеко, 30 г млад кромид (1 китка), 150 г рендан кашкавал, 1 кг мелено месо, малку мускатно оревче и коријандер за вкус, сол, црн пипер, 3 јајца, 20 г лебни трошки, 1 главица кромид, 50 мл вода, 2 ловорови листови, 10 г црн пипер во зрно

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го сечканиот леб и залијте го со една чаша млеко, па измесете го со рака да добиете смеса како меко тесто. Додајте ситно сечкан млад кромид, рендан кашкавал, мелено месо, зачини и јајца.

Мешајте со лажица додека сите состојки добро да се повзат и соединат во хомогено тесто. На крај додајте ги лебните трошки и уште еднаш промешајте. Смесата е средно мека, но откако малку ќе отстои во фрижидер ќе биде погуста. Доволно е половина час.

За тоа време исечете една главица кромид на полумесечинки или крупно по ваша желба и наредете го на дното од намастена тава/плех со средна големина. Во еден сад сипете 50-тина мл ладна вода за натопување на рацете.

Намокрете ги рацете во водата, поделете ја смесата на две половини, па обликувајте ги векните и спуштете ги врз кромидот во плехот. Одозгора премачкјате ги со масло. Во кромидот ставете ловорови листови, црн пипер во зрно и малку водичка (20 мл).

Ставете да се пече еден час во рерна загреана на 160 степени. Првите 30-40 минути покријте ги со фолија или печењето прилагодете го според вашата рерна.

За тоа време пригответе го прилогот: исечете една китка свеж магдонос, додајте малку сув лук и кромид во прав, сол, црн пипер во прав, како и една рака ситно рендан пармезан.

Залијте со 30 мл маслиново масло, па промешајте и распоредете на дното од една тава. Во тенџере со 1 литар вода ставете да се варат 7 компири со средна големина, точно 15 минути од момент на зовривање.

Компирите исечете ги на половина и направете им неколку засеци од пошироката страна (за полесно да ги впијат аромите). Наредете ги во плехот врз мешавината од магдонос и пармезан, па одозгора премачкјате ги со масло.

Одозгора наросете ги со рендан кашкавал и печете ги 20 минути во загреана рерна на 170 степени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња“ – ОВДЕ.

КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња