Месото во овој рецепт е исклучително нежно и вкусно. Дури и најтврдото месо се претвора во локум и се топи во устата. Земете месо по ваш избор и претворете го во цела тава вкусно јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг говедско месо (секое парче говедско месо, дури и најтврдото може да се употреби за овој рецепт), 400 грама кромид, 100-120 грама путер, 50 мл вода. Гответе покриено 60 минути на средна топлина.

И уште се додава: 3 чешниња лук, 1 ½ до 2 лажички сол, црн пипер по вкус, 1 лажиче јаболков оцет. Гответе 60-90 минути додека месото да омекне (проверете со виљушка).

ПРИЛОГ: 2-3 модри патлиџани, 1-2 тиквички, сол, масло за пржење, 1 голем кромид, 1-2 пиперки, 2 домати, 1 лажиче зачинска мешавина, црн пипер, 1-2 чешниња лук, копар (магдонос и цилантро/копар, по вкус)

ДЕТАЛНА ПОСТАПКА: Од месото отстранете ги жиличките и исечете го на поголеми парчиња. Ставете го во тава и залијте го со 50 мл вода. Додајте три главици кромид (400 г) исечени на полупрстени.

Одозгора распоредете путер исечкан на помали коцки, поклопете и ставете на најсилен оган. Штом зоврие и путерот се растопи, намалете ја температурата на умерено ниска. Под капак гответе 60 минути со повремено протресување и промешување.

По изминатото време посолете и запиперете, додајте ситно сечкан лук, оцет и зачинска мешавина или зачини по ваш вкус. Промешајте и продолжете со готвење на тивок оган следните 60-90 минути или колку што е потребно месото да омекне.

За тоа време излупете ги модрите патлиџани, па заедно со тиквичката исечете ги на плочки. Посолете ги и оставете ги настрана 5-10 минути за да го ослободат сокот. Соберете ја испуштената течност со хартиени салветки.

Со силиконска четка намастете една тава со малку масло и загрејте ја на умерено силна температура, па наредете ги патлиџаните и под капак печете ги 2 минути. Потоа превртете ги и печете ги уште една минута под капак.

На ист начин испечете ги и плочките од тиквички. Зеленчукот вадете го во чинија и оставете го настрана. Во истата тава испржете една главица кромид исечена на полупрстени, доволни се 2 минути.

Потоа додајте сечкана пиперка и пржете уште 2 минути. Посолете и промешајте. Одозгора наредете домати исечени на трлакца или покрупно, па зачинете. Врз доматите наредете ги тиквичките и патлиџаните, па повторно зачинете и наросете ситно сечкано лукче.

Повторно наредете слој домати и зачини по вкус. Поклопете и гответе 5-7 минути на ниска температура. Додајте ситно сечкан копар и магдонос, промешајте и по потреба досолете. Послужете го месото прелено со сосот кој ќе се добие при готвењето и гарнирајте со динстаниот зеленчук како прилог.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ГУЛАШ СО ГОВЕДСКО МЕСО: Единствениот вистински и оригинален рецепт“ – ОВДЕ.

ГУЛАШ СО ГОВЕДСКО МЕСО: Единствениот вистински и оригинален рецепт