Јафа колачот со розен кори и два вида фил е украс на секоја трпеза. Совршената комбинација од чоколадо и освежителен портокал секој го освојува! Ситните колачи ја красат секоја празнична трпеза, а има милион рецепти за најразновидни задоволства.

На трпезата најчесто се наоѓаат колачи направени со наполитанки и розен кори, а денес ви предлагаме да го пробате јафа колачот со два вида фил. Комбинацијата на состојки е едноставно неодолива, а подготовката е многу едноставна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување розен кори, 800 мл млеко, 3 чоколадни пудинзи (3х40 г), 3 лажици шеќер (или по вкус, може повеќе), 100 г путер, За филот од портокал: 1 литар сок од портокал, 3 пудинзи од ванила (3х40 г), 3 лажици шеќер (или пк вкус), 100 г путер. За глазура: 100 г чоколадо и 100 г путер

ПОСТАПКА: Во сад измешајте ги пудингот и 300 мл млеко и мешајте додека да се раствори и да нема грутчиња. Во тенџере сипете го преостанатото млеко и шеќер и кога ќе се загрее додајте го пудингот.

Гответе со непрекинато мешање додека да се згусне. Тргнете го од шпорет, додајте го путерот и мешајте додека да се растопи. Пудингот од ванила измешајте го со 300 мл сок од портокал, а преостанатиот сок истурете го во тенџере и додајте шеќер.

Кога ќе се загрее, додајте го пудингот и варете додека да се згусне со постојано мешање. Се трга од шпорет, се додава путерот и се мати се додека не се соедини, на ист начин како и за првиот фил.

Намачкајте ја првата розен кора со филот од врелиот фил од портокал, па поклопете со втора розен кора, а потоа премачкајте со чоколадниот фил. Продолжете ја постапката наизменично филувајќи ги корите додека да го потрошите сиот материјал.

Треба да се заврши со розен кора. Бидете брзи за да не ви се оладат филовите. Покријте го целиот колач со алуминиумска фолија, па од топлината фино ќе омекне. Оставете преку ноќ да се стегне и олади.

Чоколадото растопете го со путерот и прелијте го колачот одозгора, па повторно ставете го во фрижидер уште неколку минути да се стегне. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „ЈАФА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Преполна со фил од ванила со мекичка кора од кекси и ореви, се топи секој залак“ – ОВДЕ.

ЈАФА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Преполна со фил од ванила со мекичка кора од кекси и ореви, се топи секој залак