Фотографија и рецепт на Beti Josi (Klara Boss). Рецептот одамна ми беше запишан во тефтер, па прелистувајќи го, го здогледав и одлучив да го направам. Токму во вистинско време кога ни требаше нешто брзо, лесно и едноставно за вечера…

Потребни состојки: 1 јајце, 200 мл јогурт, 400 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 130 г сирење, 130 г кашкавал, 130 г шунка, 1 лажичка оригано и 3 лажици кечап

Постапка: шунката, кашкавалот и сирењето се рендаат ситно. Од сите состојки се замесува хомогено тесто, кое го развлекуваме во кора на набрашнета работна површина, со дебелина од околу 0,5 см.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara Boss)

Кората се сече на коцки.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara Boss)

Се пржат во загреано масло од двете страни, па се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени.