Основното учење на старец Тадеј е дека Бог е секаде, и дека помага секому: „И на слабите и на силните, секому на кого му е потребна помошта. Затоа непрестајно треба да се надградуваме себеси, духовно да еволуираме, срцето да го отвориме кон Бог“.

Отец Тадеј велеше: „И молитвата е вежба. Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа поминува во чувство. За тоа говореле светите отци. Многу луѓе на почетокот на духовниот живот добиваат благодат, но таа, заради нашите гревови, подоцна се повлекува, па потоа повторно се појавува.

Кога некој од длабочината на своето срце ќе му се обрати на Бог со молитва, постепено на неа се навикнува и стекнува радост и мир, кои не се од овој свет. И таа радост се стекнува, па повремено се губи. Но благодатната молитва е ниескажана радост, која не може да се спореди со ништо на овој свет.

За дејството на умносрдечната молитва на човекот старецот го говореше следното:

Светите отци велат дека секој треба да ја практикува Исусовата молитва: „Господе Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме“. Кога таа ќе почне сама да се твори, без твојата волја, тогаш тоа е неверојатна, боженствена сила. Чувствуваш неискажана радост. Сè ти е омилено, сè ти е добро, сè ти е свето.

Тоа е Боженствена благодат која се дава, не зависи од нашата волја, желба; сама се движи, како некој мотор. Човекот кој ја има таа молитва, што и да види, кого и да види – се радува. Затоа Свети Серафим Саровски на посетителот му велеше: „Радост моја!“ Тој ја видел боженствената сила во секоја душа, без оглед дали станува збор за душа на дете или на старец, и се радувал.

Отец Тадеј поучуваше: Сите се повикани на светост. Секоја душа е родена света. И големите и малите, сите треба да бидат свети. Бидејќи животот е боженствена енергија, која потекнува од Бог, Изворот на животот, и оттаму сите ја добиваат, и ангелите и луѓето. Таа енергија е секогаш со нас. А Бог е единствениот Животодавец.

МОЛИТВА ПРОТИВ ЛОШИ МИСЛИ

Некогаш е многу полесно да се ослободите од лошите навики отколку од лошите мисли, а токму тие ве спречуваат да живеете среќен и исполнет живот. Познато е дека црквата советува во период на пост, верниците да се воздржуваат од храна и пијалаци, но и од лоши мисли.

Во природата на човекот е лесно да потклекне и да помисли нешто лошо. Сепак, молитвата на отец Тадеј против лоши помисли може да ви помогне и да ви го промени животот:

“Господе, Боже мој, во Твои раце е судбината моја, заштити ме по милоста Твоја, и не дозволи да потпаднам во безза-коние, ниту да одам по волјата на телото кое со страс-та во-јува против духот. Јас сум твое битие; немој да ме презреш, не се одвраќај од мене; сожали се на мене.

Слаб сум, немој да ме през-реш, Господе, бидејќи кон Тебе прибегнав заштитникот свој Боже: исцели ја душата моја, бидејќи се ог-решив, спаси ме поради милоста Твоја, бидејќи сум Ти верен од младоста своја;

Нека се зас-рамат оние што сакаат да ме оттурнат од Тебе со помош на нечисти дела, лоши помисли, некорисни сеќавања, одалечи ја од мене секоја нечистотија, секое з-ло, бидејќи Ти си единствен бес-мртен, во сè беспримерно моќен, и на сите им даваш сила за борба против ѓа-волот и неговата вој-ска.

Бидејќи Тебе ти приличи секоја слава, чест и поклон, Отецот и Синот и Светиот дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин