Ако сте љубител на димено месо или скара, ова е нешто што мора да го имате во вашиот двор!

А, доколку немате искуство во ѕидарска работа, поканете некој од пријателите кој се разбира од бетонирање и редење тули, па лесно ќе направите симпатична ѕидана скара, а од вашиот двор ќе направите место каде сите роднини и пријатели со задоволство ќе се собираат…

Погледнете го видеото ОВДЕ и следете ги упатствата кои се јасни и едноставни. Може да ја користите за разни гурмански подвизи, па дури може да послужи и како печка за пица.

Симпатичното видео го покажува патот на циглите до целта, односно до интересно место во дворот околу кое многу ваши пријатели и членови на семејството со задоволство ќе се соберат.

Ќе ви бидат потребни – како што ќе видите сами, обични цигли, цигли од шамот, чакал, цемент, неколку летви… Можете да ги изберете саканите детали – лим за врата, мал оџак, па дури и термометар што ќе го поставите со вашите вредни раце. Изградете и забавувајте се!

Во продолжение можете да ја разгледате галеријата со фотографии од ѕидани скари. Овие скари од цигла можат да ви послужат како инспирација за изградба на сопствена скара во дворот или градината.