Фото и рецепт: Филипова

Лукчето на овие печива им дава посебен вкус.

Потребни состојки:

500 г меко брашно или наменско за кисели теста + по потреба
300 мл млеко
1 жолчка
½ коцка квасец
½ прашок за печиво
2 лажички шеќер
½ лажичка сол
околу 300 мл масло

за одозгора:

150 г рендан кашкавал
200 мл кисела павлака
1 лажичка или по вкус сув зачин (вегета)
малку сув лук

Постапка:

Во млако млеко издробете го квасецот, додадете шеќер, жолчка, па додадете брашно во кое претходно сте измешале сол и прашок за печиво.

Мешајте со постепено додавање масло. По потреба додавајте и малку брашно. Месете додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Од тестото направете помали ваљаци, па сечете ги на парчиња како за полжави, со дебелина од околу 2 см.

Редете во плех обложен со хартија за печење. Врз секое печиво ставете смеса од кисела павлака и рендан кашкавал, зачинето по желба и на крај наросете лукче (свежо сечкано или во прав).

Веднаш ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете ги додека да заруменат. Печивата се вкусни и после два дена – ако нешто остане, во што се сомневам.

Овие најчесто ги печам кога одиме на пат наместо сендвичи.