Пред нас е голем празник, Крстовден кој нашата православна црква и верниците го прославуваат двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември.

Есенскиот Крстовден е поврзан со разни народни обичаи и верувања кои уште одамна се почитуваат. Сигурно ви е позната старата изрека: “Секое село има свој обичај”, па така, обичаите поврзани за еден ист празник се разновидни, бидејќи секој во својот крај различно го почитува празникот.

Најважното правило за Крстовден кој и покрај обичаите, секој треба да го почитува – е секој возрасен човек да го помине во пост и молитва.

За овој ден важи правилото на постот со масло.

А еве и какви се обичаите што нашиот народ со векови ги почитува:

-на Крстовден некои држат строг пост, на вода. Тоа е обичај кој повеќето го почитуваат, според правилото: “Кој со крст се крсти, тој крстовден го пости”.

Есенскиот Крстовден некои го постат така што по цел ден јадат само грозје и леб.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на своите слаби плеќи ја носат сенката на Светиот крст и дека затоа пред Бога се посебно одговорни за своите постапки.

Според некои стари обичаи, на Крстовден треба да се исперат сите алишта и да се исчисти куќата.

Исто така, стар обичај е на овој ден стоката да се премачка со катран во знак на крст, за да се заштити од болести.

Обичај е на Крстовден да се освети босилекот, света билка за која се верува дека ја уништува негативната енергија и ја чисти душата, па во домовите многумина си чуваат босилек. Осветениот босилек се чува во домот како еден вид енергетско исцелување.

Во текот на Крстовден се јаде грозје, како симбол на слатката победа, плодноста и бериќетот, а се верува дека ќе ве следи среќа и успех ако на овој ден уживате во вкусот на ова овошје.

Според обичајот, важно е да ги вратите долговите или доколку имате вработени, да им исплатите плата. На овој начин, според верувањата се чистите од темната енергија и влегувате “чисти” во следната година.