Рецептот потекнува од детстката градинка на нашата драга тетка Мирјана и за тоа сум и многу благиодарна, како и за многу други прекрасни колачи. Децата многу, многу ги сакаат, па затоа го приготвив овој одличен рецепт, а цел стан ми замириса неодоливо..Оттогаш кој и да ги проба, веднаш го бара рецептот за овие вкусни и брзи фритули. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл јогурт, 2 јајца, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), малку сол (прстофат), 2 лажици шеќер, 20 лажици меко брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажица ракија, масло за пржење (најдобро е да биде длабоко маслото, зашто фритулите кога имаат доволно простор, сами се вртат во маслото)




ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со прстофат сол, додајте го шеќерот, ванилата и ракијата, па постепено започнете да го додавате брашното помешано со прашокот за печиво. Соединете ги сите состојки, да се добие мазна смеса. Доколку сметате дека смесата е ретка (ако се разлева низ лажицата) слободно додајте уште некоја лажица брашно.




Од тестото вадете со лажица (со помош на уште една лажица или со помош на прстите одвојувајте ги) од смесата и пржете во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело! Штом заруменат (а тоа е брзо), свртете ги на другата страна и оставете да се испржат до крај.




Ако ги пржите во длабоко масло каде убаво пливаат, тие ќе започнат сами да се вртат. Вадете ги во сад во кој на дното сте подметнале хартиена салветка за да го впие вишокот маснотија. Наросете со шеќер во прав и послужете.

За полесно да се лизгаат од лажицата, пред секое црпнување намастувајте ја во врелото масло. Прочитајте го и следниот рецепт кој се смета дека е најдобриот кога станува збор за фритули, а за истото имате и видеопрезентација.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 360 г остро брашно, 2 јајца, 2 лажици шеќер, 1 лажица ванилин шеќер (1 кесичка), 360 г густ јогурт или кисела павлака, ½ лажичка сол, 2 лажички прашок за печиво (1 кесичка), 1 лажица рум, ½ портокал – рендана кора, ½ лимон – рендана кора, 700 мл растително масло за пржење, шеќер во прав и 100 г бело чоколадо




ПОСТАПКА: Двете јајца заедно со две лажици шеќер и една лажица ванилин шеќер изматете ги со жица за матење околу две минути. Потоа додајте 360 г (една чаша) кисела павлака, половина лажичка сол и повторно промешајте.




Потоа додајте просеано брашно и прашок за печиво, една лажица рум и матете за да добиете убава мазна смеса. Додајте го остатокот од брашното (вкупно 360 г) и изматете уште еднаш со жицата. Во оваа смеса додајте ситно изрендана кора од портокал и кора од лимон за арома, по вкус.




Маслото ставете го во длабоко тенџере и загрејте го на 180 степени (на умерена температура). Со раката црпнете од тестото, па преку дупчето што го формираат палецот и свитканиот показалец истиснете топче кое ќе го откинете со навлажнето лажиче (лажичето претходно натопете го во вода).




Топчето спуштете го во загреаното масло. Постапката е најдобро да ја видите во видеото кое ќе го најдете на крајот од рецептот. На ист начин направете ги сите фритули. Ако оваа постапка ви се чини за сложена, тогаш тестото ставете го во кесичка на чие дно ќе направите две дупчиња, па низ нив ќе ги истиснувате фритулите и ќе ги сечете.




Ако тестото го откинувате со лажиче, истото секојпат натопувајте го во вода пред да црпнете ново топче. Со решеткаста лажица вртете ги фритулите за рамномерно да се испржат, па вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишкот маснотија.




На крај наросете ги со шеќер во прав и 100 г бело чоколадо растопено на пареа. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.