Во текот на koвид пандемијата ризиците од нерационалното препишување на антибиотици драматично пораснаа.

Знаеме дека голем број пациенти со лесни симптоми, без воспаление на белите дробови или дури и без никакви симптоми, добиваа антибиотици иако koвид 19 е вирусна, а не бактериска инфекција.

Дали треба да се даваат антибиотици на сите пациенти кои имаат kopoна или само на оние кои развиле секундарна бактериска инфекција, објаснува проф.д-р Дарко Ножиќ, инфектолог, како и лекари клиничари од различни специјалности кои работат во koвид амбулантите.

Став на инфектолозите: Антибиотиците не се препорачуваат на пациенти со лесни симптоми. Неодамна објавената студија покажаува дека 72% од испитаниците добиле антибиотици, а од нив само 8% имале секундарна бактериска инфекција.

Друга студија која ги опфатила одделенијата на интензивна нега во 88 земји, наведува дека само 54% од пациентите имале потврдена бактериска инфекција, а 70% од пациентите добиле барем еден антибиотик како превенција.

Светската здравствена организација исто така објавила дека во пракса се пропишува азитромицин во огромни количини иако никаде не е наведен во официјалните протоколи.

Зголемениот број на хоспитализации поради kopoна вирусот води во зголемен број хоспитални инфекции и пренос на мултирезистентни бактерии, што повторно води до зголемено препишување на антибиотици.

Магепсан круг. И доколку не се преземе нешто, оваа состојба нè води во нова вонредна состојба на јавното здравје.

-Според последните препораки на Светската здравствена организација за клинички протокол на лекувањето на koвид 19 инфекцијата, не препорачува воведување на антибиотска терапија за пациенти со лесни или умерени симптоми, освен во случај на потврдена бактериска инфекција.

Не се препорачува ниту превентивно користење на антибиотици кај пациенти кај кои тоа не е индицирано – вели проф.д-р Дарко Ножиќ, инфектолог.

Став на клиничарите: Во пракса антибиотиците се пропишуваат и кога треба и кога не треба.

Емпириско лекување со антибиотици, без претходна потврда за бактериска инфекција, може да се земе во предвид кај пациенти со тешки облици на Ковид 19 инфекција, а врз основа на општата состојба на пациентите, комбинирани болести, а посебно кај хоспитализираните постари пациенти и деца помлади од 5 години.

Меѓутоа, во пракса, во koвид амбулантите ситуацијата целосно се разликува. Според зборовите на лекарите од koвид амбулантата, ирационално препишување на антибиотици дефинитивно постои.

Една соговорничка за Е-Клиника од koвид одделението кое главно прима пациенти со двострано вирусно воспаление на белите дробови, вели дека антибиотиците се препишуваат апсолутно на сите, независно од постоењето на секундарна бактериска инфекција.

Ставот на останатите соговорници се разликува од лекар до лекар, како и информираноста за постоечките протоколи. Многумина ирационално ги пропишуваат антибиотиците од страв, иако не постои индикација.

На пример, повеќето лекари се одлучуваат да му препишат антибиотик на пациентот со хронично заболување на бели дробови иако нема бактериска инфекција, како превенција.

Од друга страна, некои лекари им ги пишуваат антибиотиците апсолутно на сите со потврдена kopoна, иако за тоа апсолутно нема потреба. Колку што може да се забележи, лекарите се збунети во она што го работат.

Совет на инфектолозите: Резистенцијата на антибиотици доведува до глобална медицинска криза.

Значењето на антибиотиците никој не го оспорува. Тие, како што знаеме, воведоа револуција во медицината и спасија милијарди животи. Меѓутоа, константното развивање на бактериската резистенција кон антибиотиците, сè повеќе нè оневозможува да се лекуваме и тоа понекогаш од релативно полесни болести.

Резистенцијата на антибиотиците е занемарен проблем кој доведува до голема глобална медицинска криза, која бара итна акција и треба да се третира како проблем со главен приоритет.

Правилното и рационално пропишување на антибиотиците се клучот за тоа како да се сочува токму нивната значајна улога во лекувањето.