Инстант брза погача со кисело млеко за 5 минути е готова – се топи во уста, а мека е како душа – без квасец

Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од Идеја за креативци “Направи сам” – Инстант брза погача со кисело млеко.

Нема ништо поубаво од тоа кога куќата ќе замириса на врела домашна погача, а уште подобро е кога за нејзиното приготвување нема да изгубите повеќе од 5 минути.

Станува збор за погача која се приготвува со кисело млеко кое на тестото му дава прекрасна мекост и беспрекорен вкус. Мека, вкусна и брза погача, која секој може да ја направи.

Потребни состојки:

450 г брашно, 250 г кисело млеко, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво, 80 мл масло, 1 лажичка сол и малку млеко за премачкување и сусам за наросување.

Постапка:

Во подлабок сад измешајте 450 г брашно, една кесичка прашок за печиво и лажичка сол. Потоа додадете 80 мл масло, 250 г кисело млеко (или кефир или грчки јогурт).

На крај додадете едно јајце и убаво промешајте. По потреба може да додадете и малку млака вода доколку ви се чини дека тестото е суво.

Промешајте добро со лажица а потоа фатете и со рака за убаво за да измеси тестото. Не е потребно многу да се работи тестото, туку само колку да се изедначат состојките.

Калапот/тепсијата во која ќе се пече погачата, намастете ја со малку масло и наросете ја со малку брашно. Вишокот истресете го. Тестото пренесете го во тепсијата и со раце истапкајте го до ѕидовите на калапот. Одозгора премачкјате ја погачата со малку млеко и наросете ја со малку сусам.

Потоа оставете ја да отстои 10-15 минути, додека се загрева рерната на 200 степени. Ставете ја погачата да се пече во загреаната рерна околу 25 минути додека убаво да зарумени.

Проверете со чепкалка дали е печена. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаИнфектолог објасни дали треба или не, да им се даваат антибиотици на заболените од koвид
Следна статијаЗа само половина час направете го највкусниот ролат со зеленчук