Брзите фритули се нешто што честопати ги правиме, зашто се многу вкусни, цел ден ќе ви мириса дома прекрасно! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

400 мл јогурт
2 јајца
2 кесички ванилин шеќер
1 прстофат сол сол
2 лажици шеќер
20 лажици меко брашно
1 кесилка прашок за печиво
1 лажици ракија
масло за пржење

Постапка:

1.Замесете ги сите состојки, да се добие мазно тесто без грутчиња. Доколку сметате дека смесата е ретка (ако се разлева низ жицата) слободно додајте уште некоја лажица брашно.

2.Вадете со лажица (со помош на уште една лажица или со помош на прстите одвојувајте ги) од смесата и пржете во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело!

*лажицата пред црпнувањето потопувајте ја во топлото масло…

3.Штом заруменат (а тоа е брзо), свртете ги на другата страна и оставете да се испржат до крај.

Ако ги пржите во длабоко масло каде убаво пливаат, тие ќе започнат сами да се вртат.

4.Вадете ги во сад во на чие дното сте подметнале хартиена салветка за да го впие вишокот маснотија.

5.Посипете со шеќер во прав и послужете. На здравје сладење!