Потребни состојки:

16 кори за пита

За премачкување на корите:

4 јајца

1 чаша јогурт

1 чаша масло

1 лажичка сол

1 прашок за печиво

За филување:

1 ½ чаша павлака

4 лажици ајвар

По желба сувомеснато

Постапка:

Земете го најголемиот плех од рерна, премачкајте го или обложете го со хартија за печење, одвојте 16 кори.

Ставете ја првата кора преку целиот плех и премачкајте ја со четка со смесата од изматени јајца, јогурт, масло, сол и прашок за печиво. Ставете ја втората кора, па и неа премачкајте ја, и така наредете ги сите кори и сите премачкајте ги.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Кога ќе ги извадите корите од рерна, прекријте го плехот со мокра крпа за да омекнат малку краевите, па да можете да ја свиткате во ролат. И така, уште додека кората е во плех и се лади, свиткајте ја во ролат, па одвиткајте ја и премачкајте ја со павлака и рендани сувомеснати производи по желба, а можете и ајвар бидејќи сега му е сезона.

Свиткајте и тоа е тоа. Поубаво се сече кога ќе излади.

Превкусна и декоративна за сите пригоди.

сoolinarika.com