Брз и здрав колач, одличен за појадок или закуска…Без месење, без путер…може да се јаде наместо леб…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

90 г овесни снегулки (мелени како брашно)
1 прстофат сол (ако не го јадете како леб, додајте малку шеќер по вкус)
1 мала лажичка сода бикарбона
2 супени лажици мешани семки и семиња
200 мл кефир или јогурт
1 јајце со средна големина
1 мала лажичка јаболков оцет
се пече 30-35 минути на 180 степени

ПОСТАПКА:

1.Мелените овесни снегулски сипете ги во подлабок сад, додајте прстофат сол и сида бикарбона, мешавина од семиња..па, промешајте.

2.Потоа додајте го течниот јогурт и јајцето, па промешајте со шпатула за сето да се изедначи. На крај додајте малку оцет и изедначете.

3.Смесата сипете ја во силиконски калап за леб (или каков имате помал калап, долгнавест, тесен и длабок). Ако не е силиконски, тогаш обложете го со хартија за печење или добро намастете го.

4.Израмнете, одозгора посипете го со семе и семки и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.

Оставете да се олади на решетка, па послужете го. Може да се користи наместо леб. Постапката погледнете ја ОВДЕ.