КОЛАЧ ЗА 10 МИНУТИ…Брз и многу вкусен, со бисквити и банана, посипано со кокос е вистински рај…Филот можете да го приготвите според нашиот предлог, а за посна варијанта користете пудинг со растително млеко…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г бисквити
1 голема банана или 2 помали

За фил:
2 јајца
100 г шеќер (или по вкус)
500 мл млеко
30 г скроб/нишесте/густин
20 г желатин (за посна варијанта егар егар, или без)
120 мл ладна вода
30 г путер/маргарин

За глазура:
100 г бело чоколадо
10 г масло
40 г кокос за посипување

ПОСТАПКА:

1.Желатинот помешајте го со ладната вода и оставете да набабри.

2.Со жица изматете ги јајцата со шеќерот и додајте 350 мл млеко. Ставете на оган да се загрева.

3.Во 150 мл млеко растворете го скробот, па додајте го во врелото млеко и мешајте непрекинато додека да згусне.

4.Во врелиот крем додајте го путерот и мешајте додека да се инкорпорира. Потоа додајте го желатинот и соединете.

5.Обложете подлабок сад или калапо по желба со проѕирна фолија/кеса и сипете малку од филот, па наредете кекси (ако се големи искршете ги со рака) и парчиња сечкана банана на тркалца.

Продолжете со редење наизменично фил-кекси-банана, додека да го потрошите сиот материјал. Покријте го колачот со фолија и оставете го да се лади 4-12 часа или преку ноќ.

6.Следниот ден превртете го колачот врз десертна чинија и залијте го со глазура од растопено чоколадо (на пареа, на тивко или во микробранова печка) во кое сте додале малку масло. Посипете кокосово брашно.

Оставете да сте стегне глазурата и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.