АРАПСКИ ПИЦИ СО СУСАМ…Толку се вкусни што секогаш сите се изедуваат до последно парче…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г брашно
270 г топла вода
1 лажица сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажици маслиново масло
1/2 лажичка сол

За фил:
1 мала главица кромид, 1-2 пиперки
250 г мелено месо
сол, црн пипер, оригано
моцарела/кашкавал
доматен сос/кечап

За премачкување:
жолчка + лажичка млеко
сусам
и уште: пиперка и кашкавал за одозгора

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад просејте го брашното, додајте топла вода, квасец, шеќер, масло и сол, па замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете го да ферментира 45 минути.

2.За фил: во тава испржете го меленото месо со сечкан кромид и пиперка, па зачинете со зачини по вкус.

3.Стасаното тесто поделете го на 6 топчиња и покријте ги да не се сушат.

4.Земете едно топче и на набрашнета површина развлечете го со оклагија во овална кора. На средината ставете рендана кашкавал (моцарела) и фил од мелено месо. Врз него ставете малку доматен сос.

5.Поклопете го филот со тесто од едната страна, па од другата страна и со штипкање на прстите притиснете за да се затвори тестото убаво од сите страни.

Постапката повторете ја со останатите теста, а подготвените печива наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

6.Одозгора премачкјате ги со разматена жолчкаи посипете ги со сусам. Потоа со остар нож засечете ги на средина.

7.Одозгора на засекот посипете рендан кашкавал и пиперка сечкана на коцки.

Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.