МЕК КАКО СУНЃЕР… Преубав колач кој се прави за 20 минути, а нема да ве чини многу…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца (Л)
8 г ванилин шеќер
150 г шеќер
150 мл цврст јогурт/к.павлака
150 мл масло
250 г брашно
10 г прашок за печиво
2 лажици какао во прав (без шеќер)
рендана кора од лимон и портокал
чоколадни капки/чипс или сечкано чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да згуснат во кремаста смеса. Додајте го јогуртот и маслото и продолжете со миксање. Додајте го брашното и прашокот за печиво, па изедначете со миксер.

2.На крај додајте ситно рендана кора од лимон. Две третини од смесата излејте во калап 20 см претходно намастен со путер (и набрашнет).

3.Во остатокот од смесата додајте какао и измешајте да се изедначи. Потоа додајте и рендана кора од портокал. Оваа смеса истурете ја неправилно во белата смеса, па со дрвено стапче направете шари.

4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/BBER-075OXQ?si=8j79hSTawipNPBiF