Овие кифли се исто како тукушто да излегле од пекарница, многу се вкусни и меки како душа.
Потребни состојки: 1 кг брашно, 2 јајца, 2 лажици шеќер, 2 лажици сол, 500 мл млеко, 1 квасец, 4 лажици масло, 125 г путер или маргарин и ½ филџан за кафе масло
постапка: Замесете тесто од брашно, јајца, шеќер, сол, масло и квасец. Тестото поделете го на 45 топчиња.
Од секое топче направете кифлички и ставете ги во намастен плех. Покријте ги и оставете ги час и половина да киснат.
Можете исто како мене со ножици малку да ги сецнете и да бидат како ежиња. Ставете 125 г путер и половина филцан масло да се загреат и растопат, па со лажица полека прелијте ги сите кифлички.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. Само ако ги направите ќе се уверите во нивниот посебен мирис, вкус и колку се меки.