Многу вкусна погача која се приготвува лесно и брзо.

Потребни состојки: 15 лажици пченкарно брашно, 3 јајца, 150 г свежо сирење, 3 лажици милерам, 100 мл кисело млеко, 100 мл масло, 1 прашок за печиво и сол по вкус

Постапка: Сирењето измешајте го со милерамот и со киселото млеко, па додадете јајца и сол. Состојките нека бидат на собна температура.

Потоа долијте масло, па додадете го брашното и на крај прашокот за печиво. Сите состојки убаво промешајте ги додека да добиете убава изедначена смеса.

Добиената смеса излејте ја во намастен плех со средна величина и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-45 минути или додека да зарумени.

Послужете ја погачата со кисело млеко.

Забелешка: Уште е поубава ако наместо свежо сирење користете овчо сирење. Наместо милерам можете да користете кисела павлака.