ЛУДО ТЕСТО! Универзално тесто за секаков вид печива…Се чува во фрижидер со денови (од 7 до 10 дена)…Од ова тесто можете да правите буквално сè. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.1 кг брашно +- 50 г
250 мл млеко
400 мл јогурт (течен)
25 г свеж квасец
1 лажичка сол
2 лажици шеќер
100 мл масло
2 јајца на собна температура
12 г прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изронете го квасецот, промешајте го со шеќер, малку топло млеко и две лажици брашно, па добро изедначете да нема грутчиња. Оставете 10-тина минути да се активира квасецот и да за се запени.

Во смесата додајте јајца, масло и остатокот од млекото, промешајте и додајте го течниот јогурт. Во течната мешавина започнете постепено да го додавате брашното (приближно 1 кг), прашокот за печиво и лажичка сол.

На почетокот мешајте со лажица, а потоа замесете и со рака.

Треба да добиете средно меко, нелепливо тесто.

Покријте го и оставете го да ферментира за да го зголеми волуменот, приближно 1 час.

Стасаното тесто премесете го, обликувајте го во топка, намастете го и затворете го во кеса. Тестото чувајте го во кеса и користете го по потреба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.