БРЗО И ВКУСНО: Лесен рецепт за појадок за 5 минути…Во брзото темпо на нашиот секојдневен живот, наоѓањето време за подготовка на квалитетн појадок може да биде предизвик.

Но, овој лесен рецепт за појадок не само што се прави брзо, туку е и неверојатно вкусен. Со едноставни состојки и минимален напор, можете да го започнете денот со вкусен оброк.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
50 грама бело сирење
50 грама рендано чедар сирење/кашкавал
1 чаша млеко (200 мл)
6 гранчиња магдонос
1 лута или обична црвена пиперка
2-3 млади кромитчиња
1 лажичка црвен пипер/буковец по вкус
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
4,5 чаши брашно

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изматете ги јајцата и помешајте ги со сирењето и ренданиот кашкавал. Потоа додајте ситно сечкана пиперка, млади кромитчиња и магдонос. Зачинете по вкус и додајте прашок за печиво и една чаша млеко.

промешајте за добро да се распоредат состојките, а потоа започнете со постепено додавање на брашното. На почетокот мешајте со лажица, а кога тестото ќе згусне, замесете со рака. Тестото е малку меко и лепливо, но такво треба да биде.

Намастете го 1-2 лажици масло и сипете го врз набрашнета површина. Поделете го на два дела и обликувајте топки.

Набрашнете ги рацете и со постепено натапкување развлечете го во тркалезна кора.

Исечете триаголници и пржете ги во загреано масло на умерена температура, додека да заруменат од двете страни.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.